Основачот на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Илон Маск направи вистински маркетиншки потег кога својот автомобил го испрати во вселената, меѓутоа Шкода со последната реклама го прифаќа предизвикот.
Тие најновата Шкода Суперб со 2.0 TSI бензиски мотор и 280 коњски сили ја испратија до Марс, а на контролната табла ја оставија пораката „Не паничи Илон“.
Шкодата тргна од местото на „лансирање“ и по магистралните патишта стигна во Марс, мало место во централна Франција, каде што локалните жители со воодушевување ја дочекаа Шкодата и нејзиниот возач.