На 20-ти февруари компанијата Google го претстави новиот видео запис во кој открива подетални информации за Google Glass. Најновиот уред на Google се очекува, на пазарот да се појави во 2014-та година и да предизвика вистинска револуција.
Google Glass ќе им овозможи на корисниците да добиваат и издаваат команди преку очилата во кој е вграден екран, а ќе биде овозможено и праќање пораки, уредување фотографии со помош на гласот, како и интернет пребарување со говорни команди.
Се очекува цената да биде околу 1.500 долари.