ВИДЕО: Непостоечки ресторан прогласен за најдобар во Лондон

Од:

The Shed at Dulwich неодамна се рангираше на првото место меѓу лондонските ресторани на „TripAdvisor“, но клучната работа во оваа приказна е тоа што овој ресторан всушност не постои.

Британскиот новинар, Одах Батлер, бил платен да пишува позитивни критики за ресторани кои никогаш не ги посетил.

Благодарение на оваа работа, тој сфатил дека луѓето премногу сериозно ги разбираат информациите прочитани на интернет. Поточно, станува збор за рецензиите на страницата „TripAdvisor“. Во претходните случаи, единственото нешто што било вистинито во неговите рецензии било постоењето на ресторантие. Сепак, тој се решил да оди чекор понатаму и да провери дали може и тоа да се лажира.

За потребите на овој експеримент ја искористил својата куќна адреса. Ги ангажирал пријателите да ги напишат првите рецензии, а за да привлече повеќе внимание, наместо класичното мени, во понудата тој навел „расположенија“ од кои би зависеле јадењата што се псолужуваат. Љубов, утеха, почит…

По еден месец, започнале и резервациите на првите маси. Одах на сите заинтересирани им кажувал дека ресторанот е резервиран неколку недели однапред, па никој не можел брзо да добие место.

Кога се поголем број на луѓе започнале да зборуваат за ресторанот во кој всушност никогаш не биле, The Shed дошол блиску до врвот на листата на најдобри ресторани на „TripAdvisor“.

Кога работите почнале да излегуваат надвор од контрола, а луѓето да аплицираат за работа во овој непостоечки ресторан, Одах сепак одлучил дека неколку луѓе ќе можат да јадат нешто во „The Shed“.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети