(ВИДЕО) Необичен природен феномен: Подводните светла на Тасманија

Од:

Австралискиот остров Тасманија е рај на земјата по богатството на животинскиот и растителниот свет и глетки од природата, кои одземаат здив.

Меѓу сите негови убавини се издвојува еден не толку чест природен феномен. Цветањето на динофлагелатите или огнените алги (lat. Noctiluca scintillans), кое од неодамна го зафати крајбрежниот регион на Заливот Презервејшн и Роки кејп.

Овие мали планктони во текот на цветањето ја претвораат водата во приказ на сјајни сини неонски светла.

Светлосните низи од сини и зелени нијанси изгледаат како некоја подводна магија. Ефектот се јавува кога водата е немирна, па планктоните со светкањето реагираат во самоодбрана.

Феноменот понекогаш се јавува и кога водата е мирна и топла, што локалните жители го сметаат за предупредување дека климатските промени на големо ќе почнат.

Би можело да ве интересира

Околу 470 пилот китови се уште насукани во Тасманија

Ана Ололовска

Една третина од 270-те китови насукани во Тасманија најверојатно се мртви

Ана Ололовска

Тасманија ќе се изолира од Австралија поради епидемијата

Ана Ололовска

Над 40 степени Целзиусови измерени во Тасманија

Ана Ололовска