ВИДЕО: Навивач побара, ММА борец го удри и го падна со еден удар

Од:

Еден од најинтересните ММА борци денес е во центарот на вниманието поради „тепачка“, односно удар кон навивач кој сам го побара.

Навивачите често го губат разумот кога ќе ги сретнат со своите идоли, а доколку идолите не се во здрав разум, лесно може да се случи ситуацијата за која изминативе денови зборува целиот ММА свет. Шпанскиот борец со грузиско потекло Илја Топурија (26) се најде во центарот на вниманието откако видеото на кое со левата рака со ракавици удира навивач во црниот дроб стана хит на социјалните мрежи.

Желбата да ја почувствува силата на неговиот омилен борец очигледно била посилна од логиката кај овој фанатик за боречки спортови, па затоа инсистирал Илја да го удри. Се позиционираше точно како што треба, го остави незаштитен делот од телото каде што требаше да нишане Топурија и потоа.. Секако, се извиваше од болка кога конечно го доби она што го сака.

Црниот дроб е една од омилените „мети“ на ММА борците во кафезот, а борбите често се прекинуваат токму поради прецизно поставените удари на тој дел од телото. Кога борец ќе добие силен удар во тој дел од телото, тој обично не може да остане на нозе и да ја продолжи борбата, што му дава огромна предност на противникот да го собори и да се обиде таму да ја заврши борбата. Сето тоа Илја Топурија го знаеше и пред овој удар бидејќи во професионалната кариера 13 пати влегуваше во октагонот и секој пат победуваше. Последните пет борби работеше во УФЦ, најсилната организација во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илија Топурија брутално го нокаутира Макс Холовеј

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На мексикански ММА борец од ударите му експлодира увото

Предраг Петровиќ