Најголемата светска колекција на грамофонски плочи, сопственост на бразилскиот автобуски магнат Нула Фреитас, ќе прерасне во библиотека, каде носачите на звукот ќе бидат достапни за изнајмување, јави Би-Би-Си.
Фреитас својата неверојатна колекција на повеќе од пет милиони плочи, ќе ја направи достапна за јавноста во форма на музичка архива насловена „Емпориум Мјузикал“.
Таа ќе функцинира слично како библиотека, каде на грамафони со слушалки ќе можат да се преслушуваат старите плочи, а тие ќе може да бидат и позајмувани за слушање дома.
– Се надевам дека луѓето ќе можат да одберат плоча од колекцијата и да слушаат музика. Односот што луѓето го имаат кон одредени песни е субјективен и личен. Сакам да им овозможат на луѓето да се потсетат на спомените, изјави Феитас, кој е сопственик на автобуска компанија во Сао Паоло.