Ужасна сцена на ММА спелтаклот во Мексико. Американецот Доријан Рамос и Мексиканецот Хозе Пењалоза го одработија мечот на настанот UWC Mexico 43, а борбата беше прекината во втората рунда поради голем проблем во кој се најде локалниот натпреварувач. Од тешките удари кои ги доби Пењалоза, увото му се деформира, а кога Рамос продолжи да го удира, тоа експлодира.
Низ целиот октагон имаше крв, дури и на двајцата борци кои беа на партерот кога судијата одлучи да го прекине натпреварот и да го прогласи победникот. Во тие моменти Хозе Пењалоза делуваше целосно немоќно – немаше сила да се чува при ударите, а крвта му се слеваше по лицето, рамената и рацете.
TKO due to ear explosion. #UWC43 pic.twitter.com/yiMFaZBOsJ
— UFC FIGHT PASS (@UFCFightPass) April 29, 2023
Хозе Пењалоза на тој начин го загуби вториот меч во кариерата и сега има 2-2 во професионалните борби, додека Американецот Доријан Рамос продолжи да има помали успеси. Победникот од овој меч стигна до третиот триумф во низа, а во професионалната кариера има скор од 6-1 и полека се наметнува во организацијата на УФЦ.