ВИДЕО: Момче во Загреб се залета и со сета сила турна маскота на мечка, па заработи кривична пријава

Од:

Момче кое на католичката бадникова вечер на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб пред вџашените минувачи собори маскота на мечка во која бил 31-годишен човек е осомничено за особено дрско однесување, соопшти денеска полицијата.

Во изјавата се вели дека против него ќе биде поднесена пријава во Општинскиот прекршочен суд за особено дрско однесување опишано во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж на 24 декември околу 23 часот намерно се залетал кон маскотата на мечка, со што предизвикал вознемиреност кај граѓаните и минувачите.

E moj Zagrebe, kaj se sve u tebi nakupilo. Pogledajte ovu budalu koja ruši maskotu polarnog medvjeda na trgu bana Jelačića ali karma ga je brzo stigla!

Posted by Purger on Недела, 29 декември 2019

Снимката од настанот, објавена на фејсбук-страницата „Пургер“, прикажува како младиот човек со сета сила се залетува кон маскотата и ја турка.

Не го спречиле ни апелите од собраните граѓани да не го прави тоа бидејќи околу маскотата биле собрани повеќе деца.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум