ВИДЕО: Млади Иранци санкционирани поради танцување на „Happy“

Од:

Група млади Иранци беа непријатно изненадени откако на интернет објавија видео на кое танцуваат на хитот на Фарел Вилијамс – „Happy“.

Имено, иранските власти ги привеле и ги натерале јавно да се извинат на државната телевизија поради танцувањето.

Снимката што овие шестмина млади Иранци ја објавија на Јутјуб, беше само една од големиот број видео записи на ѕанцување на „Happy“, како дел од на глобалната мода што зафати повеќе од 140 земји од целиот свет.

При „покајувањето“ на младите Иранци на телевизијата, било емитувано и нивното видео се предупредување дека „иранската младина треба да биде внимателна за да не биде заведена“. Видеото е оценето како „вулгарно“ и „опасно за јавната чест“.

Властите се пофалија дека им биле потребно само неколку часа за да ги фатат „престапниците“, што изненадува ако се има предвид дека видеото е објавено пред еден месец.

На веста за младите Иранци се огласи и самиот Фарел, кој на Твитер објави дека „ваквите апсења се повеќе од тажни“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он