(ВИДЕО) Мислела дека е првоаприлска шега, но добила нов Бе-Ем-Ве

Од:

Кога нешто звучи предобро за да биде вистинито, тогаш најчесто и не е вистинито. Но, Новозеланѓанката Тијана Марч не би се согласила со ваквата констатација.

Имено, Марч во вчерашните весници видела оглас на еден продажен салон на Бе-Ем-Ве, кој делувал неверојатно и за кој како и многумина други, помислила дека е првоаприлска шега.

Во споменатиот оглас се велело дека првата личност која ќе влезе во салонот и ќе побара средба со Том, ќе може да го земни својот стар автомобил со нов Бе-Ем-Ве.

Иако огласот и делувал како класична шега, Марч сепак решила да го посети салонот и да го побара Том.

Том се појавил и на нејзино големо изненадување и врачил клучеви на нов Бе-Ем-Ве вреден околу 50 илјади новозеландски долари, кој го заменила за нејзиниот стар „Нисан“.

– Огласот беше намерно нејасен и дефинитивно изгледаше предобро за да биде вистинит. Но, во овој случај сакавме само малку да ја промениме приказната и да ја наградиме првата личност која ќе биде подготвена да ризикува, изјави Гавин Пенфолд од салнот на Бе-Ем-Ве.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ