Маж кој наводно бил во алкохолизирана состојба влезе во оградениот простор за мечки во зоолошката градина во Варшава за да се „пресмета“ со една од мечките која го бркаше претходно бранејќи го својот простор.
Човекот скокна во водата која е дел од заштитената просторија за мечките.
По него, мечката скокна во водата, човекот почна да се бори со неа, а кога таа се повлече, тој излезе од заштитениот простор.
Посетителите со неверување го пратеа „настанот“ во полската зоолошка.