Во рамките на турнејата Мадона настапи во Вашингтон и не ја пропушти приликата да одржи мини политички говор.
„Ќе гласате сите за Обама, Ок? Во добро и зло, во ред? Имаме црн муслиман во Белата куќа. Тоа е прилично фантастично. Тоа значи дека има надеж за оваа земја. Освен тоа, Обама се бори и за правата на хомосексуалците“, им порача Мадона на своите фанови.
Пејачката не зема предвид дека Обама е христијанин, па по говорот се најде на удар на јавноста.
„Бев иронична. Да, знам дека Обама не е муслиман – иако знам дека многу луѓе мислат дека е. И што и да е? Тоа што сакав да го кажам е дека е добар човек без оглед на тоа кому се моли“, напиша Мадона во соопштението за јавноста.