ВИДЕО: Луѓето кои страдаат од тестирањето на нуклерано оружје

Од:

Проектот „Атом“ е меѓународна петиција и кампања со цел да го обедини глобалното јавно мислење против нуклераните проби. Проектот во кој е вклучена А1он, и многу светски тв станици и веб портали, почна на 22 август. Медиумската кампања е зајакната со документарен филм кој говори за профилите на луѓето кои ги преживеале нуклеарните тестирања.

Проектот е иницијатива на фондацијата „Назарбајев центар“, чија цел е да се прошири иницијативата на Казахстан за свет без нуклерано оружје и негово тестирање.

Документарниот филм е истовремено апел до светските лидери да се заложат за свет во кој граѓаните ќе живеат побезбедно и во кој нема да има нуклерани тестирања како и последиците од нив.
Во филмот се луѓето од Казахстан од регионот Семеј, местото на стотиците нуклерани проби од советската ера.

Преживеаните и нивните поколенија страдаат од тешки деформитети предизвикани од изложеноста на радијација за време и по нуклераните тестирања.
Ова е документарниот филм на англиски јазик кој говори за последиците од тестирањето на нуклеарното оружје.

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Зеленски: На Украина и треба повеќе оружје

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Запленета дрога и оружје кај маж од Дојран

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје