ВИДЕО: Лавица шета во предградие на Барлин, полицијата ги предупреди жителите

Од:

Полицијата во Берлин ноќеска испрати предупредување дека голем предатор, најверојатно лавица, е на слобода во јужните предградија на Берлин.

Жителите се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории. Полицијата и пожарникарите рано утринава преку социјалните мрежи објавија дека веруваат дека дивото животно забележано во текот на ноќта најверојатно е лавица.

„Не знаеме од каде дошла“, изјави портпаролот на локалната полиција. Тој додаде дека зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не ја пријавиле исчезнатата лавица.

Сведок ја алармирал полицијата за присуството на големата мачка откако ја снимил во грмушките, од кола. Некои сведоци тврдеа дека снимиле видео од голем предатор кој лови и убива дива свиња.

Полицијата соопшти дека хеликоптери се користат за потрага по животното во предградието Клајнмахнов и соседните заедници. Клајнмахнов се наоѓа на јужната периферија на Берлин и има околу 20.000 жители.

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин

Трактори го окупираа центарот на Берлин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он