Тренерот Даниел Бек го нападна крокодилот кој учествуваше во настапот пред публика на саемот во Американската држава Охајо. Тренерот Даниел се сопнал и паднал при што крокодилот го зграбил за раката. На Даниел во помош му притрчал неговиот партнер Алберт Лукас кој со помош на парче дрво го натерал животното да ја отвори устата и да ја ослободи раката на несреќниот Даниел Бек.
Бек заработил неколку шевови и се наоѓа на куќно лечење.
Лукас изјавил дека животното нема да биде убиено бидејќи не е криво.
Точката со крокодили некое време нема да се изведува.