Некогашниот српски криминалец и сегашна ѕвезда на риалити-програмите, Кристијан Голубовиќ, доби цртан филм според својот лик, а авторот, кој анимациите ги објавува на Јутјуб, всушност го исмева начинот на кој Голубовиќ раскажува случки од неговиот живот.
Духовитите анимации, кои ги објавува каналот „Илустранко“ на Јутјуб, се всушност илустрации на бројните анегдоти на Голубовиќ од годините кога тој беше дел од српското подземје, во кои тој се претставува себеси во најдобро светло.
Кристијан Голубовиќ е дел од „старата гарда“ на српските криминалци, деновиве е актуелен како учесник во риалити-шоуто „Задруга,“ а учествуваше и во повеќе други слични емисии. Тој е двапати осудуван за продажба на дрога и има одлежано по четири години затвор во два наврати.