Ширум светот досега се регистрирани најнесекојдневни и невообичаени начини на запросување, но првпат при овој романтичен чин беше оштетен покрив на една куќа.
Имено, еден вљубен Холанѓанец решил својата девојка да ја побара за жена, на тој начин што со дигалка би го кренале до нејзиниот прозорец од каде би и испеал љубовна песна и би ја прашал дали ќе се омажи за него.
Но, планот се изјаловил и неговото запросување завршило со огромна дупка на покривот на една соседна куќа, бидејќи дигалката се превртила
При инциденот неимнуваниот Холанѓанец останал неповреден, а неговата избраничка ја прифатила понудата, по што заедно отпатувале на романтичен одмор во Париз.