(ВИДЕО) Китови убијци нападнале јахта во Шпанија

Од:

Китови убијци удриле во јахтата на Британец и му изеле дел од кормилото. Британецот и неговиот екипаж биле на околу 30 километри од брегот на Шпанија, кога забележале дека нивниот брод е опкружен со китови.

Одеднаш китовите почнале да ја напаѓаат јахтата, а еден од членовите на екипажот вели дека нивните удари биле силни.

– Сфативме дека ако ова животно одлучи дека ќе го направи тоа, а ние нема да можеме да направиме ништо за да го спречиме тоа – рекол Мартин.

Мартин рече дека воланот на бродот почнал да се врти надвор од контрола.

– Автопилотот ни направи проблеми при патувањето, имавме неколку ситуации кога бродот скршна од рутата. Но, овој пат знаевме дека не е проблем со автопилотот, туку дека сме во неволја – се присетува Мартин.

Потоа видел орки околу чамецот.

– Беа од двете страни на бродот, едната беше напред. Само им викнав на сите: „китови убијци“ – вели Мартин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Грбав кит голтна па плукна кајакар на брегот на Чиле

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации