На интернет порталите се појави видео на кое се гледа како Ким Кардашијан напушта хотел во Париз.
Таа доаѓа до автомобилот, погледнува внатре и потоа веднаш се враќа назад во хотелот.
По неколку минути Ким повторно излегува од хотелот овој пат носејќи ја својата едногошна ќерка Норт во рацета.
Иако за целата ситуацијата има многу објаснувања, снимката беше доволна некои новинари да почнат да пишуваат дека Ким го заборавила сопственото дете.
– Дали мајчинството за Ким сепак е премногу? На самото видео се гледа како Кардашијан ја заборава својата едногодишна ќерка по заминувањето од хотелот во Париз, наведува „Њујорк Дејли Њуз“.