ВИДЕО: Карневалска магија во Струмица

Од:

Со над 1200 учесници, инвентивни маски и во традицонално одлична атмосфера вчера вечер со дефилето карневалот во Струмица уште една го потврди статусот на еден од најдобрите на Балканот.

Околу 41 карневалска група се појавији на дефилето кое траеше повеќе од три часа. Имаше гости од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија.

– Струмица вечерва беше центар на светот. Се случи уште едно струмичко чудо. Се случи Интернационалната карневалска поворка, главниот настан на овогодинешните карневалски свечености во нашиот град, пред очите на илјадници струмичани, но и пред бројните гости од земјата и странство. Беше тоа струмички карневал кој долго ќе се памети. Над 1.100 маскирани луѓе од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија, од кои најбројни беа струмичките карневалџии, направија карневалска магија која не се опишува со зборови, нашиша градоначалникот на Струмица костадин костадинов.

Годинашново издание на Струмичкито карневал го следеа и преставници на Европската асоцијација на карневалски градови од Шведска, Германија, Холандија, Италија, Словенија и Турција.

Би можело да ве интересира

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница