(ВИДЕО) Како од хорор филм: Маж преправен во морничав кловн изврши вооружен грабеж

Од:

Маж е уапсен за време на полициска истрага за застрашувачки грабеж во кој сторителот носел вознемирувачка маска на кловн.

На снимката од видео надзорот се гледа човек облечен како кловн како ограбува бензинска станица во Холанд Парк на југот на Бризбејн.

Исто така се гледа дека „кловнот“, сличен на оние од хорор филмовите, како мавта со нешто што изгледа како пиштол кон вработениот.

По истрагата, вклучително и информации дадени од страна на јавноста, детективите уапсија 39-годишен маж, пишува Дејли мејл.

Во соопштението се наведува дека мажот е обвинет за вооружен грабеж и треба да се појави пред судот во Бризбејн.

Би можело да ве интересира

Приведени две лица во Тетовско, украле пари од казино

Ограбена е менувачница во Чаир

30 милиони долари украдени во историски грабеж во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Насилници барале пари од момче, па го раниле со нож

Горан Наумовски

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец