За кон крајот на јули најавено е пуштање во употреба на досега најголемиот воден тобоган на светот во паркот во Кансас Сити, кој се очекува да им понуди застрашувачко искуство на посетителите.
Пуштањето во употреба на тобоганот десега е одлагано веќе трипати поради проблеми во искачувањето до самиот негов врв.
Посетителите сепак наскоро ќе можат да се спуштаат низ 50 метри високиот тобоган со брзина од дури 105 километри на час.
Еден од сопствениците на паркот, Џеф Хенри, спуштањето по тобоганот го спореди со „скок од врвот на Емпајр Стејт Билдинг“ во Њујорк, додавајќи дека тоа е “најстрашната работа која ја искусил во животот“.