ВИДЕО: Индусите му се молат на двоглаво теле во надеж дека ќе ја избрка короната

Од:

Стотици луѓе во источна Индија од минатиот месец му се молат на штотуку родено теле со две глави, верувајќи дека тоа дошло на светот за да ја испади пандемијата на коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.

Телето со ретка деформација се родило во источноиндиското село Катихар на 21 мај. Неговите две глави се поврзани во мозокот, но целосно обликувани и функционални, со четири очи и две усти.

Локалноте жители се очајни поради епидемијата на коронавирусот, која одзеде стотици илјади животи во источниот дел од Индија, а и натаму беснее во многу региони. Индусите, во чијашто религија кравите се свети животни, го гледаат двоглавото теле како добар знак – предвесник на крајот на пандемијата, пренесуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати