Имате ли нешто за царина? Каде до Подгорица? – ова се само дел од коментарите на видеото објавено од Подгорички времеплов од мечка која го запре сообраќајот во Црна Гора.
Иако патниците во автомобилот звучат исплашено од големината на мечката, се чини дека животното не планира да предизвика проблеми.
На снимката се гледа како мечката стои две нозе блиску до автомобил, но не покажува агресивност.
Кафеавата мечка е заштитен и автохтон вид во Црна Гора, во исто време најголемото и најсилното животно во Црна Гора.