(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

Од:

По историскиот успех на Евровизија, односно второто место, Бејби Лазања денеска се врати дома. Тој беше пречекан од илјадници луѓе на плоштадот Бан Јелачиќ.

Тој призна дека не очекувал толку голем одѕив на дочекот. „Очекував можеби сто луѓе“, рече тој.

По излегувањето на сцената, Бејби Лазања покрај хрватската делегација на сцената изјави дека сè направил сам. Тој и неговиот тим. Потсетуваме дека лазања беше резерва по избор на ХРТ.

„Што да кажам сега? Очекував 20 луѓе на аеродромот и тука околу сто… Не знам што да ви кажам. Ви благодарам многу… Се надевам дека сте задоволни. Дадовме се од себе, Вие очигледно го препознавте тоа. Благодарение на мојот тим, ние сме деца, никој нема повеќе од 33 години… Сами направивме сè, оставивме работа. Докажавме дека можеш да достигнеш одредено ниво.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби