ВИДЕО: ХИП-ХОП и Техно на плажа Оревче

Од:

И ова лето плажата Оревче нуди поинаква и оригинална музичка програма.

Во обид да се избегне музичкото клише кое постои на охридското крајбрежје, Оревче организира три музички настани.

На 20. јули во сабота концерт ќе одржат Марчело и Филтери, легендите на балканскиот Хип-Хоп заедно со Френки од Сараево, еден од најпопуларните рапери кој за прв пат ќе настапи во Македонија. Свои настапи ќе имаат домашните Да Џака Накот, Кроник, Да Титаниум, Алфа и Римиски масив. Влезниците се по цена од 250 денари. Дента пред коцертот гостите ќе ги забавува Ди Џеј Чваре.

orevce (2)

На 27. јули во сабота настап на Оревче ќе има познатитот Ди Џеј од Белград  МКДСЛ ( Мама каже да сам леп) заедно со Мирко Попов и Андреас Херц од Канал 103.

orevce (5)

На 1. август во четврток ќе гостува Милош Павловиќ,ака. Реген, Ди-џеј од Берлин кој настапува како дел од тимот на познатата продукциска куќа Аргументо. Домашна поддршка ќе има од Ди-џеите на Drop Series, Видиновски и Стојче.

orevce (6)

Плажата Оревче најавува и други вечерни концерти како изненадување за гостите и публиката.Инаку од претходниот викенд започнаа денските забави со Канал 103, Радио МОФ и Олук Мултимедија на плажата лоцирана на Градиште 4 која изобилува со автентична природа и посебна атмосфера.

orevce (1) orevce (4)

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините