ВИДЕО: Хаос по концертот на Рики Мартин во Црна Гора, настапот бил провокативен за традиционалната публика

Од:

Настапот на светската музичка ѕвезда Рики Мартин во Црна Гора беше обележан со сериозен инцидент кој предизвика големо разочарување и вистинска бура на социјалните мрежи. Коментарите од луѓето на интернет изразија срам, огорченост и чудење од ваквото однесување.

Имено, наместо вечерта да помине исклучиво во знакот на музика и прослава, непознато лице фрли солзавец во публиката на средина од настапот, насочен кон сцената.

Овој неочекуван настан предизвика шок кај присутните, а интернетот набрзо беше преплавен со коментари од огорчени граѓани кои не го криеја своето незадоволство и срам од ваквото однесување.

„Зошто? Дали имаше тепачка или нешто слично? Дали е можно да сме толкава стока од народ“, пишуваше во еден пост.

„Каква срамота, но навистина. Дали е можно ова да ни се случува“, напиша еден корисник на социјалната мрежа „X“.

Освен инцидентот во Подгорица, социјалните мрежи беа вжештени и поради уште еден детаљ – неговиот стајлинг.

Пејачот се појави на сцената во ултра тесна сребрена маица без ракави која беше целосно припиена на телото и само ја нагласуваше неговата фигура, додека комбинацијата ја надополни со широки црни панталони и ефективно сценско осветлување во црвени тонови.

Целото издание ја оддаваше вистинската латино-глам вибрација по која е познат низ годините. Многумина на мрежите коментираа дека пејачот изгледа како светска поп икона на голема турнеја, додека имаше и коментари дека неговиот сценски настап е „премногу провокативен за по традиционалниот дел од публиката“.

И покрај овој скандалозен настан и опасна ситуација, Рики Мартин покажа исклучителен професионализам. Иако инцидентот се закануваше целосно да го затвори настанот, пејачот не сакаше да ги разочара своите обожаватели.

Неговата реакција и восхитувачкиот потег најдобро се опишуваат со изјавата на еден од обожавателите на мрежите:

„Имаше целосно право да ја напушти сцената синоќа, но се врати и продолжи како ништо да не се случило и ни рече да се видиме следниот пат.“

Инаку, Рики Мартин настапува и во Србија на 16 јуни на петтиот Белградски ривер фест, а билетите се „распродадени“ за рекордно време.

Песните како „Livin’ la Vida Loca“, „She Bangs“, „La Copa de la Vida (химна на Светското првенство во фудбал 1998)“, „Vente Pa’ Ca“, „Maria“, се само дел од репертоарот на Рики кои ќе бидат испеани на една од најимпресивните отворени локации во регионот, на престижната фестивалска сцена покрај реката, како дел од Белградскиот ривер фест.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се одмаздува за враќањето на неговата „гарда“, од вчера ниту еден Црногорец не е пуштен во Србија, пишуваат црногорските медиуми

ВИДЕО: Шведска им ја одзеде ќерката, бараат помош да ја вратат во Македонија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Возот на смртта се расипа во Тексас, средношколци висеа речиси 30 метри над земјата

(ВИДЕО) Слетување во океан: Надградениот „Ѕвезден брод“ на „Спејс Екс“ го заврши првиот тест лет

Предраг Петровиќ

Која е актерката поради која Емануел Макрон наводно беше удрен од Брижит Макрон

Предраг Петровиќ

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он