Новак Ѓоковиќ стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео од него во Париз. Српскиот тенисер трчал во парк и видел жена која поминувала како се мачи со куферите и решил да и помогне.
Целата ситуација ја снимил еден од случајните минувачи и ја објавил на социјалните мрежи, а снимката предизвикала лавина позитивни коментари. Многу корисници се пошегуваа дека посакуваат да се најдат во таква ситуација, а фановите напишаа дека не е невообичаено Новак да се однесува така.
C’est un geste très classe de sa part et prouve qu’importe qui tu es et combien tu touches dans la vie il faut savoir rester humble#NovakDjokovic https://t.co/3bD60L04U1 pic.twitter.com/NhBUWFu4c8
— jolebowski (@iamjomoreira) October 30, 2022
„Се обидувам да замислам што би направил во таква ситуација, веројатно и тој би морал да ме носи бидејќи би се онесвестил од возбудата“, напишал еден корисник.
https://t.co/IPsh9uesCo pic.twitter.com/A4FtvNrcYt
— jolebowski (@iamjomoreira) October 30, 2022
„Тоа е нашиот Новак. Ова воопшто не е изненадувачки од него, во неговата природа е да им помага на другите“, напишал друг корисник. Третиот додаде: „Колку е грижлив!“.
Novak in Paris!
De retour à la maison 🔥👀 pic.twitter.com/b8g21h7UQQ
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) October 29, 2022
Новак Ѓоковиќ допатува во Париз каде ќе учествува на Мастерс турнирот Ролакс Париз кој почнува денеска и ќе трае до 6 ноември. Ѓоковиќ како шести носител ја брка седмата титула на тој турнир.