Метеорологот Џенифер Кечмарк во живо на телевизија известувала за појавата на голем број пчели во американскиот град Индијанополис, кога одденаш на мониторот се појавила голема бубачка.
Кога пчелата ја „напданала“ камерата, гледачите можеле да видат како Кечмарк, која извејштајот го започнала со насмевка, полека почнала да го менува ликот.
По вториот „напад“, Кечмарк побегала од кадарот, коментирајќи: „Ќе завршам на некоја социјална мрежа“.
Нејзиното стравување се покажа како оправдано, бидејќи целиот настан набрзо се најде на интернет.