Сообраќајна несреќа од северен Јоркшир, Англија, во која автомобил „фиат 500“ се превртел и излетал во воздух, ги преплаши корисниците на социјалните мрежи поради видеото кое се појави, пишува британски „Сан“. Возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото кое се превртело и излетало од патот, за да заврти уште пет пати пред да летне во воздух и да се врати на земја.
За среќа и возачот и сопатникот се добро и поминале без поголеми повреди или последици. Инцидентот се случил во септември 2022 година, а возачот оваа недела се појави во Судот каде што призна дека возел невнимателно и изгубил контрола над возилото.
Совозачот пак изјави дека возачот воопшто не се движел брзо. Нивниот адвокат рече дека неговиот клиент никогаш претходно не доживеал ваква несреќа и дека му е жал што се случило. Судијата изрече парична казна од 623 фунти (705 евра).