(ВИДЕО) Фановите разочарани од концертот на Адел: „За ова платив 316 фунти?

Од:

Обожавателите на Адел ги означија нејзините концерти во Минхен ова лето како „апсолутно промашување“ откако некои платија до 350 фунти за билет и мораа да се качат на столици за да ја видат сцената.

Посетителите на концертите во минхенската арена Месе, кои сакаа да бидат што поблиску до својата омилена пејачка, не можеа да видат ништо бидејќи пред нив стоеја луѓе. Видеото се појави на TikTok и е прегледано 1,5 милиони пати, на кое се гледаат обожавателите како се качуваат на столовите за да го гледаат концертот.

“Платив 316 фунти и не можев да видам ништо. Моите пријатели беа на седишта од 60 фунти и имаа подобар поглед од мене. Бев бесен”, гласи еден коментар на видеото.

@annabel_imhof #adele #b5 #view #munich #adeleaccess ♬ Funny video "Carmen Prelude" Arranging weakness(836530) – yo suzuki(akisai)

„Обезбедувањето им нареди на луѓето да се симнат од столовите, па сите бевме на исто ниво. Тоа беше апсолутно промашување. Ги платив сите тие пари и едвај видов нешто“, гласи друг коментар.

Овој проблем се повторува откако Адел ја започна својата едномесечна серија концерти минатата недела на местото со капацитет од 80.000 луѓе. Многу обожаватели, кои веќе купиле билети за нејзините концерти, изразија загриженост дали ќе можат да видат нешто од нивните седишта.

@uknewestfoods You paid £2500 / €2914 to watch Adele on a screen. The arena holds 75,000 peiple and is HUGE it is in the shape of a circle and Adele walks around the stage, from the main stage passed A1 through to A8 (the middle of the circle) but the other side A9-15 have a much poorer time, only seeing Adele directly in front of you ONCE during the full show. @ADELE @AdeleOfficial @adeletickets @adele in munich #fyp #adele #adelemunich #adelemunich2024 #adelefans #hellofromtheotherside #hello ♬ original sound – UKNewestFoods

Нина Френчи, обожавателка која дојде на концертот во инвалидска количка, исто така се пожали дека тоа е „најлошото искуство во нејзиниот живот“, бидејќи големите камења околу арената го оневозможуваат „доаѓањето и излегувањето од концертот“, пишува Daily Mail.

„Организацијата на транспортот по концертот беше страшна. Не размислуваа за излезот на лицата со посебни потреби“, напиша таа на мрежата Х и додаде: „Морав да туркам инвалидската количка преку големи камења и низ тесен простор полн со луѓе“.

Би можело да ве интересира

Адел се вери: Му кажа „да“ на спортски агент по повеќемесечните гласини

Предраг Петровиќ

Адел сака да се пензионира: „Ми треба голема пауза…“

Адел се налути на маж од публиката и го прекина концертот: Дали си глуп?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Адел триумфира на „Брит авордс“

Ана Ололовска

Адел на насловната страна на „Вог“

Ана Ололовска