ВИДЕО: Две братчиња се хит на интернет во Кина, пазарија чесно додека продавачот не беше во дуќан

Од:

Две братчиња од Кина деновиве станаа популарни откако прво на социјалните мрежи, а потоа и на медиумите, беше објавена снимка на која се гледа како купуваат чај во локалната продавница, преземајќи ги сите мерки за на продавачот, кој е отсутен од дуќанот, да му покажат дека чесно платиле за земеното.

Снимката покажува како двете братчиња влегуваат во празната продавница, ги покажуваат парите на надзорната камера, земаат две шишиња со чај и потоа си земаат и кусур, повторно покажувајќи ги парите на камерата во дуќанот.

На видеото дури се гледа како постарото братче, излегувајќи од продавницата, ја спушта заштитната ролетна, сакајќи да спречи можна кражба во празниот дуќан.

Повеќето коментатори на социјалните мрежи во Кина, но и ширум светот, им честитаат на родителите на децата за нивното добро воспитување.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он