На социјалните мрежи се појави драматично видео на кое се гледа моментот кога моторот на авионот престана да функционира.
Како што се гледа на видеото, патниците седат во темница кога FlyDubai Boeing 737-8KN полета од Катманду, кога одеднаш зад нив почнаа
пукотници.
#FlyDubai insider footage of Flight. FZ 576 after bird stirike
🙏 pic.twitter.com/TuNjERp51H— Samyam (@samyam231) April 25, 2023
Како што беше и претходно соопштено, во авионот имаше 167 патници и членови на екипажот. Еден од моторите во авионот се запали веднаш по полетувањето од аеродромот, но ситуацијата набрзо беше ставена под контрола, а леталото го продолжи летот.