Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално ја нападнал новинарката Иса Баладо, односно ја допирал по задникот за време на директен телевизиски пренос.
Во екот на јавната дебата за сексизмот и сексуалната злоупотреба, која во Шпанија ја поттикна бакнежот на претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација Луис Рубиалес и фудбалерката Џенифер Хермосо по финалето на Светското првенство, се случи уште еден инцидент пред камери.
Esto le acaba de pasar a @isabalado en el programa @EnBocaDe_Todos de @cuatro. pic.twitter.com/tYlAUqDKga
— Bernat Castro 🦊 (@BernatCastro87) September 12, 2023
Баладо известувала за грабеж во Мадрид во вторникот, кога маж и пришол одзади и ја допрел за задникот, пред да ја праша за кој ТВ канал работи.
Новинарката се обидела да продолжи со јавувањето во програмата, но ја прекинал водителот Начо Абад, кој прашал дали човекот штотуку ја допрел.
🚩Detenido por agredir sexualmente a una reportera mientras estaba realizando un directo de televisión #Madrid pic.twitter.com/vKkBjNXJve
— Policía Nacional (@policia) September 12, 2023
Кога Баладо потврдува, Абад бара да го донесе, како што го нарече „идиотот“ пред камера.
Полицијата на Твитер објави дека е уапсен маж под сомнение дека сексуално нападнал новинарка додека се јавувала во живо.