Редовната прес-конференција на Министерство за надворешни работи на Русија, ја отвори – Дедо Мраз.
Имено, тој прочита писмо „адресирано“ нему, а наводно испратено од американското Министерство за правда.
Желбата гласи: „Драги Дедо Мраз, направи Раша Тудеј и Спутник да исчезнат“.
– Е па, деца, јас можам се, но не можам да ги тргнам медиумите”, рече тој веднаш потоа.
По шегата по повод Нова Година, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова го продолжи пресот.