ВИДЕО: Чак Норис со клетва: Америка 1.000 години во темница ако победи Обама

Од:

Не е виц. Чак Норис и неговата сопруга  Џена снимија и поставија на Јутјуб видео во кое ги повикуваат христијаните од евангелистичка вероисповест да гласаат против претседателот на САД Барак Обама.

Чак Норис предупредува дека во спротивно американската нација ќе се најде на работ на „социјализмот или нешто многу полошо“, и дека земјата би можела засекогаш да биде изгубена.

„Нашата голема земја и нашата слобода се нападнати-драматично“,  предупредува Чак Норис на снимката, додека сопругата Џена тврди дека Обама во 2008. година победил со 10 милиони гласови благодарејќи на тоа што 30 милиони христијани-евангелисти на денот на изборите останале дома.

Џена притоа се повикува на еден говор на Роналд Реган во кој екс претседателот на САД има кажано дека пропустот да се делува во овој момент може да ја чини Америка да зачекори во 1.000 години темница.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху