Алжирската боксерка Имане Калиф привлече големо внимание на последните Олимписки игри во Париз.
Кога се појави Имане Калиф, поточно кога Италијанката и го предаде мечот, многумина почнаа да ја критикуваат оваа Алжирка.
Се отиде дотаму што се појавија лажни информации дека е машко, многу експерти зборуваа за нејзината состојба, како и за тоа дека покаченото ниво на тестостерон не го менува нејзиниот биолошки пол.
Беше цел на многу напади, но сепак го освои златото во Париз.
Algerian boxer Imane Khelif shows off dramatic new feminine makeover, days after winning gold at the Paris Olympics. pic.twitter.com/6nlFR9HSJr
— Oli London (@OliLondonTV) August 15, 2024
Поради сите напади врз неа, таа одлучи да поднесе тужби против Илон Маск и Џ.К. Роулинг, но и да покаже како изгледа надвор од рингот.
Видеото кое боксерката го објави на Инстаграм, на кое таа се појавува нашминкана и облечена во розова цветна комбинација, собра безброј реакции.
Имане со ова само покажа дека едно појавување во рингот е исто како и нејзиниот однос кон боксот, а позитивните коментари за нејзиниот изглед сигурно и го подобрија расположението и ги избришаа сите лоши работи кои ги доживеа за време на Игрите во Париз.