ВИДЕО: „Барби“ заработи над милијарда долари за три седмици

Од:

Блокбастерот на сценаристката и режисерка Грета Гервиг „Барби“, за три недели прикажување заработи неверојатни 1.03 милијарди долари на светскиот пазар, соопшти продуцентската куќа „Ворнер Брос“.

Гервиг влезе во историјата како прва режисерка на филм кој заработил милијарда долари, објави „Си-Ен-Ен“.

Само околу 50 филмови во историјата достигнале милијарда долари.

Маркетиншката кампања за „Барби“ започна синџир на настани што доведоа до додавање на зборот „Барбенхајмер“ во популарниот лексикон, благодарение на заедничкиот датум на прикажување на двата филма.

Глобалниот успех на „Барби“ беше поттикнат од силната продажба на благајните на некои од најголемите светски филмски пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Мексико и Австралија. Филмот е на врвот на тие пазари секој викенд откако е отворен.

За големиот успех придонесе и тоа што филмот одлично помина во Кина, вториот по големина пазар во светот, и покрај тоа што во последните неколку години станува сè поизолиран, пренесуваат западните агенции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Претседателката на Косово се спореди со холивудската барбика: „Оваа Барби е претседател“

Филмски хит – а задоволно ги трие рацете и производителот на познатите кукли

Дали се е во ред со Нејмар? Пристигна на премиерата на филмот Барби облечен како жена

Предраг Петровиќ

Барби-астронаутка испратена во Вселената

Ана Ололовска

Нова колекција по повод 60-от роденден на Барби

Барби го слави 60-от роденден

Ана Ололовска