ВИДЕО: Ајкула нападна и уби тинејџерка, и немаше спас

Од:

Ајкула нападна и усмрти 17-годишна девојка кај австралискиот остров Бриби, соопштија властите.

За време на денешниот напад, ајкула нападна, а потоа уби девојка.

Медицинските екипи итно ја префрлија девојката во болница во Квинсленд, откако се здобила со сериозни повреди на горниот дел од телото, но таа им подлегнала на повредите, изјави претставник на локалната полиција, пренесува CBS News.

Ајкулата ја нападнала девојката додека таа пливала во близина на место популарно кај сурферите, на околу 30 милји северно од градот Бризбејн.

Ова е трет фатален напад на ајкула во Австралија за помалку од пет недели.

Јужна Австралија забележа зголемување на нападите на ајкули во изминатите две години, при што во 2023 година се забележани пет такви случаи, од кои три беа фатални.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Надреална снимка од Либан: Ракетите на небото не се причина забавата да престане

Предраг Петровиќ

Еден загина, 19 се повредени при пад на балони на топол воздух во Кападокија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Славниот актер ги загрижи своите обожаватели

Манипулација на Евровизискиот натпревар? Европратеници бараат да се објават сите податоци од гласањето

Предраг Петровиќ

Северина се нафрли на сопругата на Жељко Јоксимовиќ: Гадура

Предраг Петровиќ

„Не сум изненаден“: Том Хенкс за прв пат за мемоарите на неговата ќерка, во кои таа опиша тешкото детство

Предраг Петровиќ