ВИДЕО: 69-годишна актерка ги вознемири интернет-троловите, ја нападнаа зашто фотографиите ѝ биле „премногу секси“

Од:

Индиската актерка Раџини Чанди неодамна направила фотосесија во која носи „младешка“ облека – џинс кошула, искинати фармерки и здолништа, сакајќи со тоа да ги инспирира повозрасните луѓе и да им ја врати вербата дека можат да уживаат во животот.

Но, Чанди не претпоставила дека сликите, дело на индиската фотографка Атира Џој, ќе станат вирални, а покрај илјадниците позитивни коментари од луѓе на кои им се допаднала нејзината идеја, таа ќе биде и мета на жестоки напади од конзервативната средина во јужната индиска држава Керала.

Актерката вели дека целиот живот имала проблем со тврдокорните традиционалисти, кои сметале дека жените не треба да ставаат кармин или да носат куси здолништа. Но овој пат, вели таа, била шокирана од бројноста на нападите и навредите, а посебно од фактот дека тие доаѓаат главно од жени.

„Ме нарекоа ороспија. Некој ме праша: Уште ли не си умрела? Некој друг ми порача да седам дома и да ја читам Библијата, бидејќи за тоа ми биле годините, а не за покажување на телото. Имаше и една личност што ми рече дека сум како стара кола – дури и целосно да ме офарбаат, пак ќе бидам стара,“ раскажува Чанди.

Актерката, која има настапувано во неколку популарни ТВ серии и филмови, како и во втората сезона на „Големиот брат“ во Индија, вели дека се чувствува непријатно поради троловите, кои продолжуваат да ги истураат своите навреди кон неа. Најмногу ја изненадило тоа што жените покажале посебна суровост.

„Многу млади мажи се вознемируваат од помислата на постари жени што се секси, одбиваат да ги гледаат како предмет на посакување. Но, она што ме изненади беше тоа што повеќето негативни коментари доаѓаа од жени,“ вели Чанди.

„Мислам дека тоа потекнува од завист – жени во своите 40-ти или 50-ти години кои не се грижат за себеси, не можат да се справат со повозрасна жена што се уште може да го покаже својот убав изглед,“ додава таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати