Вештачкиот интелект ќе игра голема улога во следната надградба на „Виндоус 10“

Од:

Следнaтa големa надградба на „Виндоус 10“ ќе додаде во оперативниот систем бројни нови функции и технологии поврзани со вештачка интелигенција, соопштија од „Мајкрософт“.

Секој развивач на нов софтвер за Виндоус ќе може да користи вештачка интелигенција во своите проекти. За целта „Мајкрософт“ создала посебна платформа за вештачка интелигенција, наречена „AI Platform“.

Платформата ќе им даде на програмерите подготвени модели за машинско учење што можат да ги користат во нивните апликации. Слично на „Windows Millennium Platform“.

Нешто повеќе, програмерите ќе можат да создадат софтвер кој активира технологии за вештачка интелигенција, без да се свртуваат кон специјални облачни услуги, користејќи ги само хардверските и софтверските можности на својот компјутер.

Поддршката на општо прифатениот стандард „OННX“ треба да го поедностави развојот на нови апликации. ВИ иницијативата на „Мајкрософт“ веќе има поддршка од партнери како „Нвидиа“, „Интел“, „АМД“ и „Куалком“

Би можело да ве интересира

Office 2021 – доживотно од 26.25 евра: Keysoff распродажба на Office софтвер!До 62% попуст во Keysoff!

Горан Наумовски

„Виндоус“ со нова „клауд“-услуга за работа и часови преку интернет

Ана Ололовска

Гмаил и Виндоус 10 ќе се согласуваат многу подобро

Ана Ололовска

Мајкрософт конечно објави какви се податоци Windows 10 собира за нас

Ана Ололовска

Гејтс: Control-Alt-Delete бeше грешка

Емир Латифовиќ