Велика Британија: Нафтен магнат на поранешната жена мора да и исплати 454 милиони фунти

Од:

Лондонскиот трговец со нафта ќе мора на поранешната сопруга да и исплати 454 милиони фунти или 41,5 отсто од неговото богатство, во една од најголемите бракоразводни парници во историјата на Англија.

Шеесет и еден годишниот маж, чиј идентитет не е објавен ја запознал 44-годишната сопруга во 1989 година во Москва, каде студирала, а се венчале четири години подоцна, се наведува во документот на судот во Лондон.

Мажот, роден на Кавказ заработил огромно богатство во рускиот енергетски сектор, продавајќи го во 2012 година својот удел во компанијата за 1,37 милијарди долари.

Неговата сопруга по потекло е од Источна Европа во бракот била домаќинка, а британско државјанство добила во 2000 година. Таа се грижела за двете деца во Сари, јужно од Лондон.

Таа изјавила дека имотот на сопругот вреден повеќе од милијарда долари е стекнат во текот на бракот со заеднички придонес на двете страни, се наведува во пресудата.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети