Вечерва пик на метеорскиот дожд Дракониди, пред 10 години имало 600 метеори на час

Од:

Метеорскиот дожд „Дракониди“ се очекува да го има својот пик вечерва. Драконидите најдобро ќе се гледаат од 8 октомри, а ќе траат до 10 октомври.

Овој метеорски дожд приреди вистински спектакл на небото во 2011 година, кога можеа да се видат повеќе од 600 метеори на час. Сепак тоа е последниот пат кога се случи толку броен пад на Дракониди, бидејќи тие во главно се бавни и со скромен блесок.

Именувани се по соѕвездието Драко што на латински значи змеј, бидејќи токму од тоа соѕвездие најмногу може да се забележат.

Во просек низ годините, за време на овој метеорски дожд можат да се забележат само по пет метеори на час.

Сепак, бидејќи месечината е млада, отсуството на месечевата светлина на небото, ќе ги направи метеорите повидливи.

Астрономите велат дека за овој метеорски дожд не е потребен телескоп, туку напротив тие полесно е да се забележат со голо око.

Помеѓу 1933 и 1946 година, метеорскиот дожд Дракониди продуцирал илјадници метеори на час, а во 2018 година кометата се доближи најблиску до Земјата во 72 години.

Обожавателите на метеорскиот дожд Дракониди можеби ќе имаат повеќе среќа во 2025 година, кога кометата 21П/Џакобини-Зинер, која ги продуцира овие метеори, ќе помине блиску до Земјата. Оваа комета кружи околу сонцето секои 6,6 години и остатоците од оваа комета го создаваат метеорскиот дожд Дракониди.

Луѓето ширум светот веруваат дека доколку посакаат желба кога ќе видат метеор, таа желба ќе им се оствари.

Би можело да ве интересира

Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлодира метеор над Куба

Ана Ололовска

Вечерва на небото ќе може да се забележи дождот од метеори Геминиди, легендата вели дека тогаш се исполнуваат желби

Наум Локоски

ВИДЕО: „Тајм лапс“ од синоќешниот метеорски дожд

Наум Локоски