Успешен трансконтинентален лет на експериметалниот соларен авион

Од:

Експерименталниот авион „Солар Импулс“, кој се движи на погон напојуван само од сончева енегија, утрово успешно го заврши својот трансконтинентален лет над територијата на САД, со последната етапа од Вашингтон до Њујорк.

„Солар Импулс“ го запона летот на 3 мај од Сан Франциско, на пацифичкиот брег на САД, и по повеќе од два месеци, на 6 јули во 23:09 часот по локлано време (7 јули во 5:09 часот по средноевропско време) пристигна на другуит крај на земјата, на брегот на Атланскиот Окен во Њујорк.

solarimpulsplane1

Како што јави ДПА, летот беше успешно спроведен до крај, иако во последната етапа беше забележано оштетување на долната страна од левото крило на леталото.

Авионот, произведен во Швајцарија, и со распон на крилата од 63 метри, како кај еден „Боинг-747“, но тежи само 1.600 килограми.

solarimpulsplane2

Леталото има четири мотори со моќност од по 10 коњски сили, кои се напојуваат од литиумски акумулатор тежок 400 килограми.

Акумулаторот се полни преку 2.000 фотоелементи распоредени на крилата на авионот.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран