„Машкиот лик“ од аматерскиот порно-филм на Северина, и еден од најбогатите херцеговински бизнисмени, Милан Лучиќ е уапсен во акција на хрватското Биро за сузбивање корупција и организиран криминал.
Лучиќ е еден од петтемина осомничени за нерегуларни стечајни постапки. Детали за случајот се уште официјално не се соопштуваат, како ни тоа дали бизнисменот е веќе зад решетки.
И покрај неговиот деловен успех, јавноста за Милан Лучиќ првпат дозна во 2004 година, кога се појави 11-минутното видео снимено со неговата партнерка (во моментот), хрватската пејачка Северина, а на кое има прилично експлицитна содржина.
Порното е снимено 2000-та, на неговата јахта, кога Северина беше верена за Среќко Варгек, а Милан со својата сопруга го очекуваа третото дете.