Турските серии се виновни за зголемениот криминал и разводи на Блискиот Исток

Од:

Турските серии се виновни за зголемувањето на криминалот и разводите на Блискиот Исток, тврди телевизијата Ал Арабија, алудирајќи на сериите „Ѓумуш“ и „Долина на волците“.

Според Ал Арабија, турските серии ја туркаат арапската младина кон насилство. Арапските жени, од друга страна, очекуваат нивните мажи да бидат исто толку „романтични и со стил“ како ликовите од омилените серии, а кога очекувањата нема да се остварат во стварноста тие бараат развод, тврди Ал Арабија.

За очекувањата на жените на Блискиот Исток најголем модел е турскиот актер Киванч Татлитуг и неговиот лик во серијата „Ѓумуш“.

Маж (31) од Јемен убил пет лица, инспириран од Полат, лик од серијата „Долина на волците“, додека жена побарала развод бидејќи мажот не бил како ликовите од турските серии и не носел фармерки, тврди Ал Арабија.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид