Во Мадрид се одржа традиционалната хуманитарна трка на Дедо Мразовци во која учествуваа над 10.000 лица.
Трката почна и заврши на стадионот „Сантијаго Бернабе“, а тркачите по улиците на Мадрид претрчаа делница долга 5,5 километри .
Мотивот на трката секоја година е различен, а оваа година приходот ќе биде наменет за Фондот за борба против мултиплекс склероза.
Во однос на минатата година, бројот на учесници е двојно зголемен, а секој од нив донираше по едно евро.
Во трката учествуваа над 10.000 мажи, жени и деца кои беа облечени во костимите на Дедо Мраз, соопштија организаторите кои веруваат дека со тоа е соборен светскиот рекорд, иако официјални лица тврдат нов рекорд се уште нема, пренесуваат светските агенции.