Можеби нема да се посомневате дека навистина ќе полетате од новиот енергетски пијалок „Cannabis Energy Drink“, веројатно поради канабисот, но сепак тоа е само еден маркетиншки трик.
Иако овој пијалок содржи 0,02 mg / л THC, сепак таа колучина е едноставно премала за да има сличен ефект на пушењето џоинт. За да се постигне истиот ефект, тогаш „Џоинтот“ би требало да има големина на бандера.
Но, тоа не е возможно затоа што до тогаш срцето би ви пукнало од кофеинот, тауринот и ниацинот, што се вообичаени состојки на енергетските пијалаци.
Од рекламата и иметео станува само задоволството дека пиете нешто на кое пишува канабис.