Возрасен Норвежанец беше принуден да помине три седмици во северногерманскиот град Хановер, додека да најде каде го паркирал својот автомобил, јави ДПА.
На патот од Андора кон Осло, 78-годишниот Бјорн Брандфолд одлучил да преноќи во Хановер, и возилото го паркирал во странична уличка и тргнал на прошетка во центарот на градот.
Но, проблемот се јавил кога го изгубил ливче со името на улицата каде го паркирал автомобилот, раскажува локалната жителка Гертруд Кројтер, која помогнала на мажот да го најде возилото.
Човекот си го нашол возилото откако жената се јавила во локален весник и им јавила дека пред вратата и е паркиран автомобил со необичен регистарски број.
– Долгото и обесхрабрувачки барање сепак изгледа помогна за создавање на едно пријателство – бидејќи Кројтер рече дека планира патување до Норвешка.