Три бесплатни претстави во МНТ

Од:

Македонскиот народен театар по повод новогодишните и божиќните празници вечер бесплатно ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“ по текст и режија на Бојан Трифуновски.

Авторот е инспириран од истоимената драма на Ристо Крле и од романот „Деветта конфигурација“ на Вилијам Питер Блати.

Во неа играат Николина Кујача, Славиша Кајевски, Гораст Цветковски и Софиа Насевска. Сценограф и костимограф е Мери Георгиевска, музиката е на Кантон 6.

Поради големиот интерес, МНТ соопшти дека „Парите се отепувачка“ со слободен влез за публиката ќе биде изведена и во вторник, 8 јануари, од 20 часот.

Од 18 часот тој ден бесплатно  ќе биде изведена и „Сребрена свадба“  по текст на Маркес и режија на Звезда Ангеловска, во која игра Катина Иванова. Сценографијата е на Теодора Стојановска, а костимографијата на Ѓурѓица Спасовска.

Подигнувањето на влезниците за претставите е од билетарницата на МНТ без резервации.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“